Утрински Весник
Култура

Италијанскиот печат за „Кајмак“ на Манчевски: „Особен режисерски глас, покомплексен филм со храброст“

Италијанскиот печат за „Кајмак“ на Манчевски: „Особен режисерски глас, покомплексен филм со храброст“

Од 23 до 29 декември во Кинотека ќе се прикажува „Кајмак“ на Милчо Манчевски.

dobivaj vesti na viber

На 23 декември во 20 ч. на проекцијата ќе присуствува и режисерот Манчевски со кого потоа за филмот ќе зборува филмологот Атанас Чупоски, а и публиката ќе има можност да постави прашања.

По светската премиера на фестивалот во Токио, каде „Кајмак“ доби големо медиумско внимание, деновиве за филмот се пишува и во Италија. Угледното италијанско филмско списание „ОДГ Магазин“ објави рецензија за „Кајмак“ во која се вели дека е „покомплексен филм со храброст“ и со „особен режисерски глас“.

Во рецензијата меѓу другото се вели:

„Со „Кајмак“, неговиот нов филм, Милчо Манчевски ѝ пристапува на филмската леснотија без да ги напушти принципите на своите најпосветени филмови… „Кајмак“ е повеќе заинтересиран за последиците меѓу врските отколку за болноста на еротската активност. Интересно, филмот успева да се истакне и по непредвидливоста на заплетот… Очигледно, сексуалноста е придружена со повторно откривање на родовата идентификација и отцепување од традиционалниот семеен систем, но не во смислата која сме навикнати да ја гледаме во квир филмовите… Така, конфликтот е помеѓу јавнaта пристојност и приватната психофизичка благосостојба во врската… Манчевски не ги цени жанровските ограничувања и затоа „Кајмак“ не треба да се смета за комедија – и покрај тоа што има експлицитна комична нишка – но ниту за драмедија, како што може да навести неговиот шокантен и горчлив крај… Во „Кајмак“ има попрефинет развој, поистакнат избор на теми и присуство на особен режисерски глас, што го прави покомплексен филм, отколку едноставна комедија. Филмот има и храброст да биде смел (истражувајќи тема која може да биде уште поконтроверзна во балканската средина)“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“