Утрински Весник
Свет

Италијански медиуми: Берлускони префрлен на интензивна нега, болен од леукемија

Италијански медиуми: Берлускони префрлен на интензивна нега, болен од леукемија

Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер, вчера заврши во болница на интензивна нега.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Кориере дела Сера“, прво се шпекулираше дека Берлускони имал некои респираторни проблеми, но, како што велат, поранешниот премиер боледува од многу посериозна состојба – леукемија.

Италијанските медиуми јавуваат дека Берлускони и претходно бил во болница поради оваа болест, а имал и пневмонија. Во болница го посетиле и неговите деца, пишува „24сата.хр“.

Берлускони, кој четири пати беше премиер, во последните години имаше бројни здравствени проблеми, а минатата недела беше пуштен од болница и потоа состојбата му се влоши, по што повторно беше хоспитализиран.

Можете да прочитате

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време

Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности

Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори