Утрински Весник
Свет

Италијанската премиерка, десничарката Мелони, на средба кај папата

Италијанската премиерка, десничарката Мелони, на средба кај папата

Десничарската премиерка на Италија, Џорџа Мелони, се сретна со папата Франциско и со највисоките претставници на Ватикан и одржа срдечни разговори, соопшти Светата столица.

dobivaj vesti na viber

Во октомври Мелони ја презеде функцијата шеф на најдесничарската влада во повоената историја на Италија.

Оваа 45-годишна католичка конзервативка се противи на абортусот, се сомнева во правата на ЛГБТ-лицата и се дефинира како „мајка“, „Италијанка“ и „христијанка“. Но, има разлика меѓу неа и папата бидејќи папата Франциско е гласен бранител на правата на мигрантите, а Мелони се залага за строга гранична политика.

Средбата меѓу премиерот и папата траеше 35 минути по што Мелони разговараше со кардиналот, државниот секретар Пјетро Паролин и со надбискупот Пол Ричард Галагер, министерот за надворешни работи на Ватикан.

„За време на срдечните разговори, Мелони, Паролин и Галагер разговараа за „многубројни прашања поврзани со италијанската социјална ситуација“, вклучително сиромаштијата, семејните прашања, образованието и демографската криза, соопшти официјален Ватикан.

Тие разговараа и за Европа, Украина и за миграцијата, се додава во соопштението, но не откривајќи детали.

Мелони на средбата со папата Франциско дошла облечена во црно, придружувана од својот невенчан партнер, телевизиски новинар, и нивната шестгодишна ќерка.

Можете да прочитате

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Аналитичар: Зеленски мора да оди на преговори дури и ако Путин не дојде