Утрински Весник
Култура

Италијанката што ја отпеа „Море сокол пие“ на концерт во Скопје

Италијанката што ја отпеа „Море сокол пие“ на концерт во Скопје

На 11 декември е закажана премиерната дружба со македонската публика и концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO). Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) е бендот чиј вокал, неверојатната Маргерита Абита од Сицилија, пред светот ја претстави магичната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“.

dobivaj vesti na viber

Концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) е закажан во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот, а екипата составена од Италијанката Маргерита Абита (вокал), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија) по 6 издадени албуми, концерти во повеќе од 40 земји, повеќе од 160.000 следбеници и 90 М-прегледи, доаѓа во Скопје во рамките на концертната турнеја по повод јубилејната 10-годишнина од основањето.

Меѓу нивните последни интерпретации на традиционални песни од сите краишта на светот е и, како што велат самите, безвременскиот класик, нашата „Море сокол пие“, а на 11 декември публиката ќе може да ужива уште и во изведбите на „Македонско девојче“ и веселата и ритмичка румба на кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска, „Калеја Јаца“.

Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „МКтикетс“, и тоа во три категории и по цена од 1.000 и 1.200 денари, како и 1.500 денари за ВИП-влезниците.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“