Одбојкарската репрезентација на Македонија го заврши учеството на Европското првенство. Во осминафиналето, Италија ја победи Македонија со 3:0 (25:20, 25:12,25:15).
Македонија и Италија заедно со Бугарија и Израел го организраа континенталниот шампионат. Македонија го искористи домашниот терен, забележа две победи (Данска, Црна Гора) и го освои четвртото место. Објективно против ПОлска, Холандија и Чешка, одбојкарите немаа шанса за победа.
Четвртото место ја однесе Македонија во осминафиналето на најдобриот тим во А-групата, Италија.
Актуелните светски шампиони, влегоа како фаворити во дуелот и ја покажаа класата. Македонија беше конкурентна само во првиот сет и до 6:5 во вториот. Кога Италијанците фатија ритам на сервисот започнаа проблемите со приемот, проработе и блокот и Македонија со убедлива разлика ги загуби вториот и третиот сет.
Капитенот Никола Ѓеорѓиев освои девет, а Александар Љафтов десет поени за Македонија. Кај Италија се истакнаа Даниеле Лавија со 15 и Алесандро Микелето со 11 поени.