Утрински Весник
Македонија

Истрага за тешка кражба на акумулатори од железницата

Ojo.webp.webp
Dik 300x250 mk

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 од Кривичниот законик.

За период од околу 2,5 месеци, од февруари до крајот на април годинава, двајцата осомничени жители на Ресен, во повеќе наврати насилно влегувале во објекти од цврста градба на железничката делница од пругата „Поранешно Фринко“ до селото Кремница, кои служеле за команда на светлосна и звучна сигнализација за железничкиот сообраќај.


Кршејќи ги решетките од долниот дел на вратите со кои биле обезбедени вкупно 8 објекти сопственост на оштетеното Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Македонија – Скопје, осомничените демонтирале и одзеле вкупно 58 акумулатори со различна јачина, со што ја загрозиле сигурноста на железничкиот сообраќај.

Потоа, двајцата осомничени ги продавале украдените акумулатори како отпадно железо.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од влијание врз сведоци во постапката, како и можност осомничените да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата.

Можете да прочитате

Кичевчанец ограбен во близина на наплатната рампа „Миладиновци”

По расправија за сообраќајка на Бит Пазар повреден е скопјанец со остар предмет

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет