Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Истрага за изнуда во Скопје

Ojo 1.webp.webp
300x250 opst2

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Русија, а со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение  дека во земјава извршил кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од јули 2024 година до 09.10.2025 год. во Скопје, со намера да прибави противправна имотна корист за друго лице, со сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на еден оштетен, го присилил да му исплати износ од 20.000 евра. Во повеќе наврати му се заканувал на оштетениот дека доколку не го врати неговиот наводен долг кон лице од Босна и Херцеговина, во вкупен износ од 300.000 евра ќе му го загрози животот нему и на неговото семејство.


Осомничениот стапил во контакт со оштетениот со кој остварил повеќе средби, а на средбата на 09.10.2025 година од оштетениот зел 20.000 евра, по што бил лишен од слобода.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци и врз оштетениот, како и ризик да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Можете да прочитате

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда