Утрински Весник
Економија

Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека на 6.396 млекопроизводители им се исплатени 153.224.548,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

dobivaj vesti na viber

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците март, април и мај 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со финансиската поддршка за млекопроизводството како државен стимул за постигнување  повисока цена на млекото како основен производ и одржување на благосостојбата во сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделството и македонската економија – посочи директорот на АФПЗРР Никица Бачовски .

Можете да прочитате

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години