Утрински Весник
Македонија

Исплатени се 14.502 тутунопроизводители со вкупен износ од над две милијарди денари

Tutun 7.jpg

Денеска се изврши исплата на директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2024 година.

Исплатени се 14.502 тутунопроизводители со вкупен износ од 2.404.561.224,00 денари односно околу 40.000.000,00 евра.


Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2024 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници

Се продаваат сметки за скенирање на МојДДВ – злоупотреба на системот низ социјалните мрежи

Таравари реагира за случајот во Нерово: Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?