Утрински Весник
Економија

Исплатени близу 224.4 милиони денари за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди, соопшти Агенцијата за храна

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата од близу 224.4 милиони денари на 3.821 корисник за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарските култури предадени во преработувачките капацитети.

dobivaj vesti na viber

„Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерка 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и производените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделските производи“, се истакнува во информацијата.

Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен