Утрински Весник
Свет

Исламската држава ја објави смртта на својот лидер

Исламската држава ја објави смртта на својот лидер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Групата Исламска држава (ИД), поразена во Ирак и Сирија, ја објави смртта на нејзиниот водач, Абу Хасан ал Хашими ал Кураши, прецизирајќи дека тој бил убиен „додека се борел против непријателите на Бога“.

dobivaj vesti na viber

Во аудио-порака, портпаролот на џихадистичката група објави дека е назначен нов „калиф на муслиманите“, Абу Ал-Хусеин ал-Хусеини ал Кураши.

Портпаролот на групата, Абу Омар ал-Мухаџир, не кажа во својата порака како загинал водачот на групата.

По подемот во 2014 година во Ирак и Сирија, и освојувањето на огромни територии, ИД го доживеа соборувањето на својот самопрогласен „калифат“ под влијание на последователните офанзиви во тие две земји, во 2017 и 2019 година.

Оттогаш, организацијата беше дестабилизирана неколку пати со смрт или апсење на нејзините водачи.

Првиот водач на ИД, Абу Бакр ал Багдади ал Кураши, беше убиен во американски напад во Сирија во 2019 година, а неговиот наследник беше елиминиран во февруари во операција на американските специјални сили во северозападниот дел на таа земја.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони