Утрински Весник
Скопје

Искршени врати и прозори, исшкртани ѕидови – Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1

Fb img 1744315166680.jpg

„МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон. Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили“, вели градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски во својата фејсбук објава.


„Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму АПЕЛИРАМ, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари.

Искрено се надевам дека позади овој случај нема политика !

Во Општина Бутел се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период“, вели Костовски.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем