Утрински Весник
Спорт

Иско ќе го засили Унион Берлин?

Иско ќе го засили Унион Берлин?

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Иско Аларкон, кој во последните шест месеци беше член на Севилја, би можел да направи интересен трансфер во Бундеслигата. Како што најавува „Билд“, тој е во завршни преговори со Унион Берлин и би можел да го засили овој тим во битката за шампионската титула со Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

Интересно е дека името на Иско го скандирале и фудбалерите на Унион Берлин во соблекувалната откако дознале дека се започнати преговори со Шпанецот.

Иско освои пет европски титули со Реал Мадрид.

Во Унион Берлин пред неколку дена пристигна и хрватскиот десен бек Јосип Јурановиќ од шкотскиот гигант Селтик.

Можете да прочитате

Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија

Аргентински суеверија – претседателот ги гледа натпреварите од дома, навивачите ја читаат Библијата

Аргентина ја елиминира Англија и закажа финале со Шпанија