Утрински Весник
Свет

Ишингер: Исходот од војната во Украина ќе ја одреди судбината на Европа

20260207144005 big 730x400 18.webp.webp

Руската закана за источното крило на НАТО би можела да се зголеми доколку дојде до прекин на огнот во Украина, смета Волфганг Ишингер, претседател на Минхенската безбедносна конференција, цитиран од ДПА.

„Додека Украина ја брани Европа, заканата не е толку голема“, рече дипломатот во интервју објавено денес од „Тагесшпигел“.

Ова значи дека армиите на рускиот претседател Владимир Путин во моментов се приковани таму и „тој губи илјадници војници неделно“.

Штом ќе се случи прекин на огнот во Украина, ситуацијата ќе се промени, забележа Ишингер една недела пред 62-то издание на меѓународната Минхенска безбедносна конференција, која секоја година се одржува во главниот град на Баварија.

„Путин потоа може да продолжи со своето вооружување и заканата за источното крило на НАТО ќе се зголеми“, рече Ишингер.

Но, без оглед на тоа, германскиот експерт нагласи дека најважно е крвопролевањето во Украина да заврши што е можно поскоро.

„Нема ништо повеќе што би го посакал за народот на Украина. Но, руската закана за нас Германците ќе се зголеми доколку евентуалното примирје не биде придружено со значително намалување на (воениот потенцијал) акумулиран во западните воени области на Русија“, рече Ишингер.

Сепак, ова веројатно нема да се случи. „И токму затоа не можеме да седиме и да се опуштиме само затоа што има примирје“, додаде тој.

Исходот од војната во Украина е „прашање пар екслеанс (par excellence), кое влијае на судбината на Германија и Европа“, смета Ишингер, кој нагласи дека Киев денес ја брани цела Европа, а не само своите територии.

Можете да прочитате

Уапсени четири лица за смртоносниот напад врз џамијата во Исламабад, денеска погребани жртвите на нападот

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк