Утрински Весник
Свет

Исчезнал авион што требало да слета во Германија, загубен е контакт со пилотот

Исчезнал авион што требало да слета во Германија, загубен е контакт со пилотот

Помал авион кој летал кон Германија не успеал да слета и контролата на летот загубила контакт со авионот, јавуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Авионот последен пат е виден во шведскиот воздушен простор и се уште не е познато колку луѓе имало во него.

Според првите информации, се работи за приватен авион од Австрија, кој полетал од Шпанија и требало да лета за Келн. Но, од непознати причини не слетал и продолжил да лета во правец на север.

„Германските и данските борци веднаш беа подигнати и се обидоа да воспостават контакт, но безуспешно“ – наведуваат шведските власти.

Можете да прочитате

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос