Утрински Весник
Македонија

Исчезна внукот на Љубе Бошкоски

Исчезна внукот на Љубе Бошкоски

Од пред два дена исчезнал Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошкоски. Неговото исчезнување е пријавено во МВР.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат од МВР, на 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26).

Самоил Костадиновски е син на братот на сопругата на Љубе Бошкоски.

На социјалните мрежи беше објавен и апел за помош од граѓаните. Во објавата се вели дека се сомневаат дека Костадиновски бил киднапиран. Бидејќи исчезнал во близина на Чешката амбасада откако таму го оставил своето возило и заминал во возило со други луѓе кои го чекале таму. Телефонот му е исклучен. Сепак, оваа објава набрзо беше повлечена.

Можете да прочитате

Вимивајте: Стигнуваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Митко Чавков пуштен на условен отпуст од штипскиот затвор

Кривична пријава за кумановец кој ја силувал својата сопруга