Утрински Весник
Македонија

Исчезна Горан Ременски од Валандово – семејството бара помош од граѓаните

Img 1322 1024x682.avif.avif.avif

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош и информации поврзани со нивниот исчезнат роднина, Горан Ременски.

Според информациите што ги достави семејството, тој го напуштил својот дом на 25 април (сабота) околу 05:30 часот наутро. Во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.


Последен пат е забележан истиот ден околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, при што се движел во правец кон Струмица.

Семејството информира дека лицето во моментот не поседува телефон, ниту лични документи, поради што секоја информација од граѓаните може да биде од исклучителна важност за негово пронаоѓање.

Се замолуваат сите граѓани кои имаат било какви сознанија или информации да се јават на следниот контакт телефон:

075 245 187

Секоја помош е добредојдена.

Можете да прочитате

Забраната за двојно државјанство за пратениците утре на собраниска комисија

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на протестот на ССМ на 1 мај

Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо Јаневски