Утрински Весник
Македонија

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид

Puls.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави дека обдукциските наоди и сведоштвата од терен отвораат сериозни дилеми околу вистинската причина за смртта на жртвите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Иако кај 50 лица официјално како причина за смрт е наведено труење со јаглерод моноксид, според анализата на ИРЛ, кај ниту едно од нив не биле утврдени фатални концентрации на овој гас. Овој податок, како што наведуваат од лабораторијата, го доведува во прашање официјалното објаснување за трагедијата.

Според ИРЛ, хемиските и градежните вештачења, заедно со исказите на преживеаните, укажуваат дека при пожарот гореле материјали кои ослободуваат исклучително токсични гасови. Меѓу нив се посочува и водородниот цијанид, кој настанува при согорување на полиуретански сунѓер – материјал често присутен во ентериерите на вакви објекти.

Медицински лица кои учествувале во спасувањето и згрижувањето на повредените опишуваат ненадејни колапси и смрт во рок од неколку минути, клиничка слика која, според ИРЛ, не одговара на класично труење од чад или јаглерод моноксид.

И покрај овие индиции, во обдукциските постапки не биле направени анализи за присуство на цијанид во организмите на починатите. Поради тоа, како што истакнува ИРЛ, клучното прашање за вистинската причина за смртта на жртвите во пожарот во „Пулс“ и натаму останува без одговор.

Извор: Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)

Можете да прочитате

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух 

УХМР: Снег во идните денови

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери