Утрински Весник
Свет

Иранскиот лидер Хамнеи наводно префрлен во Русија

Img 9986.webp.webp

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, наводно бил префрлен во Москва со руски воен авион во строго тајна операција, поради неговата здравствена и безбедносна состојба.

Според пишувањето на британскиот весник The Sun, Хамнеи бил однесен во Москва на операција на ногата, откако наводно претрпел сериозни повреди за време на воздушни напади.


Медиумот наведува дека повредите, според неофицијални информации, биле последица на напади извршени од страна на Соединетите Американски Држави и Израел.

Според истиот извор, операцијата наводно „лично била понудена“ од рускиот претседател Владимир Путин, кој обезбедил медицинска помош и транспорт за иранскиот лидер.

Засега нема официјална потврда од властите во Иран или Русија за овие информации.

Можете да прочитате

Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Дефрин: Израелската армија уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран

Ракетиран аеродромот во Багдад – 24info.mk