Утрински Весник
Свет

Ирански пејач осуден на 74 удари со камшик: „Тоа е одмазда за неговата поддршка за жените“

5c3b8a25 E88a 4d27 A3a1 7ee2506f09a3.jpg

Познатиот ирански пејач Мехди Јарахи, кој зборуваше против строгиот кодекс на облекување на жените во земјата, е осуден на 74 удари со камшик како дел од договорот за прекин на кривичната постапка против него. Јарахи беше осуден во јануари минатата година за незаконско објавување на протестна песна наречена „Твојата шамија“ на првата годишнина од протестите „Жени, живот, слобода“.

Британски Гардијан пишува дека неговата едногодишна затворска казна подоцна била заменета со електронско следење, кое завршило во декември, по што бил ослободен. Сепак, враќањето на неговата кауција од 15 милијарди долари, платена од трето лице, зависеше од неговото камшикување, кое беше извршено оваа недела.


„Подготвен сум да ја прифатам казната од 74 удари со камшик и иако ја осудувам оваа нечовечка тортура, не барам да биде поништена“, напиша тој на Икс.

Веста за камшикувањето предизвика бес на иранските социјални мрежи.

Можете да прочитате

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран