Утрински Весник
Свет

Ирански медиуми: Речиси постигнат договор за наследник на Хамнеи

20260307174045 big 730x400 83.webp.webp

Консензус за наследник на убиениот ирански врховен лидер ајатолах Али Хамнеи речиси е постигнат, изјави денеска член на Собранието на експерти ајатолахот Мохамедмехди Мирбакери, пренесе иранската новинска агенција Мехр.

Тој наведе дека сè уште треба да се решат „некои пречки“ поврзани со процесот на избор на нов врховен лидер.


Иранските медиуми јавија дека телото задолжено за именување на новиот врховен лидер имало одредени несогласувања околу тоа дали конечната одлука мора да биде донесена по состанок во живо или може да се донесе без таа формалност.

Собранието на експерти е институцијата што има уставна надлежност да избере нов врховен лидер на Иран.

Можете да прочитате

Синот на Али Хамнеи ја презема власта: Моџтаба нов врховен лидер на Иран

Кина повика на прекин на огнот и запирање на војната

Арагчи: САД побараа прекин на војната