Утрински Весник
Магазин

Иранец нашол злато во отпад, па ѝ го вратил на сопственичката

Fb Img 1709153558775

Иранец кој претурал низ контејнер за ѓубре во градот Алигударз во западен Иран, пронашол вреќа со злато и долари, па го побарал сопственикот за да му го врати „изгубеното“ богатство, јавија тамошните медиуми.

„Моите родители ме научија дека кога ќе го најдеш туѓи работи, треба да ги вратиш“, изјави за медиумите неименуваниот чесен пронаоѓач.

Мажот, 52-годишен, ја пронашол вреќата на 22 март. Вредноста на златото и парите внатре се проценува на 20 милијарди ријали – околу 35.000 евра. Тој, вели, ги чувал скапоценостите кај себе неколку дена, а ја пронашол сопственичката благодарение на банкарската картичка што ја нашол внатре.

Златото и доларите ѝ припаѓале на 50-годишна жена чиј внук ја фрлил вреќата во отпад мислејќи дека се работи за ѓубре.

Можете да прочитате

Kолку е навистина здраво да се јаде лебот секој ден?

BYD Јангванг У9 Екстрим постигна 503 км/ч и стана најбрзиот автомобил во светот

Боси нозе – здравје за целото тело