Утрински Весник
Спорт

Иранците сега ја пееја химната, а тоа ги расплака фановите на трибините

Иранците сега ја пееја химната, а тоа ги расплака фановите на трибините
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иранските фудбалери во првото коло на Светското првенство во Катар не ја пееја националната химна пред натпреварот против Англија. Иранските играчи одбија да ја пејат националната химна како гест на поддршка за демонстрантите во нивната татковина.

dobivaj vesti na viber

Сепак, притисокот од иранските власти после тоа беше страшен и фудбалерите попуштија. Пред почетокот на денешниот меч со Велс тие сепак ја пееја националната химна.

Навивачите на Иран плачеа на трибините поради тој потег.

Навивачите на Иран на трибините со солзи во очите ја исвиркаа својата национална химна и на тој начин покажаа чин на граѓански отпор кон диктатурата во нивната земја.

За потсетување, Иран е потресен од протести од 16 септември, кога 22- годишната Махса Амини, приведена поради неносење хиџаб што треба правилно да и ја покрива косата, почина во притвор, прекршувајќи го кодексот за облекување во исламската држава. Поради ова, сите 11 ирански фудбалери во првото коло молчејќи ја химната.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028