Утрински Весник
Свет

Иран: Трамп се повлече по нашето цврсто предупредување

20260323130903 big 730x400 40.webp.webp

Иран тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „се откажал“ од напади врз иранските енергетски објекти по „цврстото предупредување“ од Техеран – објавија иранските медиуми.

Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека Трамп се повлекол по иранските закани дека цел ќе биде енергетската инфраструктура во регионот.


Претходно, Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите напади врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот Исток. Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) истакна дека во изминатите два дена биле одржани „детаљни, опсежни и конструктивни разговори“ меѓу двете страни, кои ќе продолжат во текот на неделата.

Врз основа на карактерот и тонот на овие разговори наредив Министерството за одбрана да ги одложи сите воени удари врз иранските енергетски постројки и инфраструктурата за пет дена под услов тековните состаноци и разговори да бидат успешни, напиша Трамп.

Тој пред два дена се закани дека САД ќе ги „уништат“ иранските електрани доколку Техеран не ја отвори целосно и без услови Ормутска Теснина во рок од 48 часа.

Иранската новинска агенција „Фарс“’ објави дека Иран немал ниту директна ниту индиректна комуникација со САД.

Можете да прочитате

Утре се одржуваат парламентарни избори во Данска

Експерт од ЕК: Во кризи, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за справување додека не пристигне помош од владата

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја