Утрински Весник
Свет

Иран се заканува со ликвидација на Трамп

Iran zname.webp.webp

Генералниот секретар на Советот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, се закани дека ќе го „елиминира“ американскиот претседател Доналд Трамп како одговор на неговите закани до Техеран во врска со блокадата на Ормутскиот теснец. Трамп вчера изјави дека ќе го нападне Иран „ДВАЕСЕТ ПАТИ ПОСИЛЕН“ ако Техеран ја запре трговијата преку клучниот бродски пат во Персискиот Залив.

Лариџани, висок советник на убиениот врховен лидер, денес му одговори на Трамп на социјалната мрежа X: „Жртвениот ирански народ не се плаши од вашите празни закани. Дури и оние помоќни од вас не успеаја да го елиминираат Иран. Внимавајте да не бидете елиминирани и вие самите“.


Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта, е речиси целосно запрен откако Иран се закани дека ќе нападне секој брод што ќе се обиде да помине низ него. Ова доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и гасот.

Можете да прочитате

Хегсет: Денес ќе изведеме најсилни удари врз Иран

Земјотрес ја погоди Фукушима, Јапонија

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија