Утрински Весник
Свет

Иран потврди за ракетни напади врз Израел, експлозии над Ерусалим – истрелани се над 100 проектили

Iran Izrael.jpg

Иранските медиуми јавија дека армијата врши ракетен напад врз Израел.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека лансирала десетици проектили кон Израел и предупреди дека доколку Израел возврати, одговорот на Техеран ќе биде „подробен и погубен“, пренесува иранската државна телевизија.

Експлозии се регистрирани над израелскиот град Ерусалим, јавија западни медиуми.

Сирени за воздушен напад се активирани низ целата територија на Израел, јавија локалните медиуми.

Дел од израелските медиуми јавија дека од Иран кон Израел се лансирани повеќе од сто проектили.

Можете да прочитате

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија

Трамп: Бараме посветеност од земјите членки на БРИКС дека нема да создадат нова валута