Утрински Весник
Свет

Иран негира дека учестувал во наводен заговор за атентат врз Трамп

20241109095553 Big 730x400 5 1.webp.webp

Иран категорично негираше дека планирал атентат врз новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, по вчерашното обвинение од американското Министерство за правда, јави ДПА.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, денеска изјави дека тврдењето е „целосно неосновано“, пренесе германската агенција.

Тој додаде дека слични обвинувања биле изнесени и во минатото и дека нивното повторување во последниот период е „гнасен заговор“ чија цел е дополнително да ги усложни односите меѓу САД и Иран.

Пред неколку недели предизборниот тим на Трамп објави дека бил информиран од американската тајна служба за реални и конкретни закани од Иран за негово убиство.

Американското правосудство вчера покрена обвиненија против тројца мажи, кои, исто така, се обвинети за заговор за атентат на ирански дисидент. По тројцата осомничени се издадени налози за апсење.

За време на неговиот прв мандат како претседател на САД, Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Иран, воведе нови санкции против земјата и го класифицираше елитниот воен корпус на Исламската револуционерна гарда како терористичка организација. Во 2020 година, американската војска го уби иранскиот генерал Касем Сулејмани во напад со беспилотно летало во ирачкиот главен град Багдад по наредба на Трамп, потсетува ДПА.

Можете да прочитате

Ужас: Таткото и маќеата брутално ја убиле малата Сара – На телото пронајдени 70 повреди

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Македонски државјани со оружје се заканувале на Романци во Велс – полицијата ги уапси