Утрински Весник
Свет

Иран негира дека подготвува план за убиство на Трамп

1707128448 Unnamed File.webp.webp

Иран го отфрли обвинението дека подготвува атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, објави денеска државната новинска агенција ИРНА.

„Иран силно отфрла каква било вмешаност во неодамнешниот вооружен напад врз Трамп и наводите за иранска намера за таква акција“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.

Тој, сепак, додаде дека Иран ќе поднесе тужба против Трамп „поради директна вмешаност“ во убиството на генералот Касем Сулејмани.

Сулејмани беше командант на силите Кудс на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција и беше убиен во напад со беспилотно летало во Багдад во јануари 2020 година. Пред обидот за атентат врз Доналд Трамп на предизборниот митинг во саботата, се појавија информации дека Иран планира да го убие. Сепак, американските власти тврдат дека обидот за атентат и наводните ирански закани не се поврзани.

Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, вчера ги оцени обвинувањата против Техеран како „неосновани“ и „политички мотивирани“.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно