Утрински Весник
Спорт

Иран го осуди на смрт најдобриот фудбалер во историјата на земјата

Иран го осуди на смрт најдобриот фудбалер во историјата на земјата

Шокатнат вест лансира азербејџанскиот медиум „Репорт“. Легендата на иранскиот фудбал, Али Даеи (53) е осуден на смрт. Даеи заедно со уште 15.000 луѓе учествуваше во протестите, во градот Сакез, организирани минатиот месец, по убиството на Махса Амини за неправилно носење хиџаб.

dobivaj vesti na viber

Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше информацијата.

Даеи е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација со 109 гола. Долго време беше најдобар стрелец на сите времиња за националните тимови. Неговиот рекорд го урна Кристијано Роналдо.

На крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.

„На Даеи му беше одземен пасошот поради тоа што го напиша на Инстаграм“, објави реформистичкиот весник Хамихан.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина