Утрински Весник
Свет

Иран бара Израел да биде исклучен од Организацијата на Обединетите нации

Download 2 2.jpg

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска повика Израел да биде исклучен од Обединетите нации, во обраќањето на одбележувањето на 45-годишнината од Исламската револуција.

– Предлагаме ционистичкиот ентитет да биде исфрлен од Обединетите нации, рече Раиси, мислејќи на Израел, држава која Иран не ја признава.

Бидејќи „она што се случува денес во Газа е злосторство против човештвото, а поддржувачи на овој криминален режим се САД и некои западни земји“, додаде тој за време на неговиот говор пред илјадниците луѓе собрани на плоштадот Азади („Свобода“) во главниот град на овој празничен ден.

Иранскиот претседател го обвини Израел дека „прекршил 400 декларации, резолуции и договори“ постигнати во рамките на „меѓународните организации“.

Иран е еден од главните поддржувачи на Хамас во војната, која започна на 7 октомври со невиден напад на палестинското движење во јужен Израел, во кој според официјалните израелски податоци загинаа повеќе од 1.160 луѓе, повеќето од нив цивили.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk