Утрински Весник
Спорт

Инзаги има девет дена да се спаси од отказ

Инзаги има девет дена да се спаси од отказ

Симоне Инзаги, минатото лето го продолжи договорот со Интер до 2024 година, меѓутоа како стојат работите тој договор нема да го одработи.

dobivaj vesti na viber

„Газета дело Спорт“, пишува дека Симоне Инзаги денови го делат од отказно решение. Според овој извор, 46. годишниот тренер има девет дена да ја задржи довербата на клупските челници.

Судбината на Инзаги ќе биде позната по дуелите со Барселона во Лигата на шампионите и Сасуоло во Серија А.

Интер игра лошо оваа сезона. „Нероаѕурите“ по осум кола се само деветти во италијанскиот шампион со 12 освоени бод. Интер во Серија А загуби три од последните четири натпревари.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина