Утрински Весник
Македонија

Интервентна “апсеше тигри” – Има ли понижување за најелитната полициска единица Тигар?

417476936 709656001344930 9153136724104433836 N
300x250 (7)
„Вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ ја посети Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Од страна на припадници на ЕИП на министерот Тошковски му беше извршена презентација на дел од опремата и вооружувањето кое го користи Единицата и му беа прикажани неколку показни вежби преку кои беше претставено постапувањето на полициските службеници при разбивање на толпа, пресретнување на возило и приведување на лице од затворен објект.“ Ова е информација објавена вчера од МВР за посетата на Тошковски на полицискиот центар Ѓорче Петров, проследена секако со фотографии од настанот.
Но една од фотографиите привлекува посебно внимаие. Имено, станува збор каде маркираниот полицаец (кој глуми апсено лице) е облечен во маица на специјалната единица „Тигар“.
Со тоа се добива впечаток дека Интервентната полиција (наследници на единицата Алфа) апси припадници на најелитната полициска единица.
На крајот, останува нејасно дали сето ова било случајност или се работи можеби за свесно понижување на најелитната и најподготвена единица во МВР.
Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада

Финансии одлучи да се вратат старите цени на полисите при регистрација на возила

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Утре и во сабота свежо и со засилен ветер (над 60 км/час) – Ќе има и врнежи и грмежи, а на највисоките планини и снег – Дожд се очекува и во Скопје