Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

(Интервју) Томе Неновски: Имаме зачмаена економија, а нe чека болен период

(Интервју) Томе Неновски: Имаме зачмаена економија, а нe чека болен период
Img 7972

Не очекува тешка зима и тешка наредна година. Според многу укажувања, следната година може да биде и потешка на економски план отколку сегашната, истакнува во интервју за „Макфакс“ универзитетскиот професор Томе Неновски.

dobivaj vesti na viber

Ме плаши, вели тој, што ние немаме стратегија за да се соочиме со предизвикот на светската економија и со предизвикот на домашната економија која со папочна врвка е поврзана со светската економија.

„Не чека болен период и не треба да покажуваме лажен оптимизам и да криеме дека ова што се случува ќе биде краткотрајно и дека ќе го надминеме. Не. Ќе имаме проблеми, но прашањето е како ќе се соочиме, со кој ентузијазам, со кои мерки и со каква ефикасност ќе ги применуваме тие мерки за да излеземе од оваа зачмаеност“, потенцира Неновски.

На прашањето дали парите што деновиве ЕУ и ги додели на Македонија како финансиска помош би помогнале во санирање на штетите во економијата, Неновски објаснува дека нам ни требаат многу повеќе пари од тоа што го најави Урсула Фон дер Лаен, претседателката на ЕК.

„Во ситуација кога имаме зачмаена економија и растечка инфлација, тие средства ќе бидат недоволни. Дотолку повеќе што таа помош ќе биде насочена за зголемување на енергетската ефикасност на земјата. Нема да биде насочена кон намалување на сиромаштијата или потикнување на БДП или за намалување на инфлацијата“, додава универзитетскиот професор.

Очекува дека двоцифрената, галопирачка инфлација, ќе расте и ќе го надмине прагот од 20 проценти.

Позитивно ја оценува најавата за спроведување на владините антрикризни мерки, но изразува скепса во делот на нивното применување.

„Мерките на хартија се одлични но кога ќе се применат и како ќе се применат? Искуството вели дека голем дел од тие пари, попатно кога се движат, некаде исчезнуваат. Народот има скептичност. Довербата на населението кон институциите на системот е се помала“, потенцира Неновски.

За состојбата со јавниот долг, сиромаштијата, потребата од нови задолжувања, извештајот на Светска Банка, приоритетите на кои власта треба да се насочи за ублажување на тешката состојба во економијата, во интервју за „Макфакс“, универзитетскиот професор, Томе Неновски.

Можете да прочитате

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка

Се воведува ДДВ за сите пратки од Тему и Алиекспрес