Утрински Весник
Македонија

Интервју со Тасевски: Македонското небо без контролори, за пет години 40 од нив можат во пензија, нови нема

Whatsapp image 2025 08 21 at 11.13.44 b252748d.jpg

Во вториот дел од интервјуто за 24инфо.мк лидерот на синдикатот во М-Нав Александар Тасевски објаснува што е потребно за да се стане контролор на летање, но и за тоа какви се условите за работа.

Тасевски вели дека додека партиски се вработуваат подобни лица на измислени работни места, во македонската навигација фалат контролори на летање и инженери.


„Од вкупно 317 вработени во М-Нав, 90 се контролори на летање. Тој број на 90 контролори е далеку под оној број нам ние навистина потребен. Во 2007 германската контролана летање направи студија во која беше прецизирано дека М Нав треба да има околу 260 вработени а од нив половина треба да бидат контролори на летање. Тестот што се полага за контролор на летање е многу сложен и долг, прво треба да се помине тест за селекција кој се полага онлајн и трае околу четири часа. Тие што ќе ја поминат првата селекција стануваат студенти кои учат и извршуваат тестови во следните неколку години и тоа се одвива во странство во некоја европска држава. За процесот на студирање се изучуваат 18 предмети, по што следи првична теоретска обука кај нас. Од првиот момент кога студентот е пратен во странство па додека се дојде контролорот самостојно да ја врши својата работа изминуваат околу три години. Ние требало секоја година да имаме по шест до осум лица да се праќаат во странство за да се надополни дефицитот од персонал. Сега, се создаваат услови веќе за пет години до сега 40 од овие 90 контролори да треба да заминат во пензија, а ние сега да почнеме да ги подготвуваме за пет години нема да можеме да обезбедиме 40 нови контролори. Не се вработуваат контролори за летање затоа што таму не можат да се пропуштаат партиски кадри и затоа преку мала врата се внесуваат како советници, виши советници и измислени работни места. Имаме недостиг од инженери треба да се вработат најмалку осум инженери.

Во однос на ставањето во употреба на новиот софтвер за контрола на летање, Тасевски вели дека има најави дека тој пробно би бил пуштен во ноември, но лично е скептик дека тоа успешно ќе функционира.

„Тендерот е потпишан во 2016 година, поминаа девет години оттогаш, но еве не се успеа тој да се стави во функција. Има најави дека во ноември ќе има пробно пуштање во употреба, но јас и многу мои колеги сме скепитици дека тоа ќе функционира и најверојатно ќе биде како минатиот пат, односно ќе се пушти и ќе се види дека тоа не може да функционира на оперативно ниво, затоа што тој систем треба да фукционира беспрекорно“ вели Тасевски кој додава дека контролата за летање е загрозена, затоа што и на сегашниот систем нема бекап односно ако дојде до некој проблем контролорите на летање немаат резервна опција да го гледаат македонското небо, а тоа е доста ризично за целокупната воздушна безбедност.

Осврнувајќи се на висината на платите, Тасевски вели дека во последните години македонските контролори на летање се далеку под платите што ги добиваат нивните колеги во земјите од регионот и во ЕУ.

„Во Србија на пример каде што сега има штрајк за повисоки плати, просечната плата е за некаде 80% повисока од онаа во Македонија. Во Бугарија е за 100% а во Романија за 150% повисока“ рече тој, додавајќи дека разликата со западноевропските земји е уште поизразена.

Можете да прочитате

МВР: Лишен од слобода 43 годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

ДУИ: ВРЕДИ го брани планот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на бројот на советниците Албанци