Утрински Весник
Свет

Интерпол е подготвен да и помогне на Русија во истрагата за нападот во Москва

Picture 1115 660x489 1.jpg
Dik 300x250 mk

Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, изјави денеска генералниот секретар на таа меѓународна организација, Јирген Шток. „Најостро го осудувам нападот во концертната сала „Крокус“, кој беше ужасен чин против невините цивили. Интерпол е подготвен да даде поддршка во истрагата на руските власти“, напиша Шток на социјалната мрежа „Икс“. Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ загинаа 93 лица, меѓу кои три деца, а повеќе 145 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС).

Можете да прочитате

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз

Индонезиската полиција откри сомнителен прав при истрагата на експлозиите во џамија во Џакарта