Утрински Весник
Спорт

Алаба е најплатениот фудбалер во шпанската Ла лига !?

Screenshot 2024 03 23 142533.png
300x250 (7)

Францускиот „Лекип“, откри кои се најплатените фудбалери во шпанската Ла Лига. Еден од највлијателните спортски весници во светот ги објави платите на ѕвездите од шпанското првенство. Очекувано на врвот се играчи од Реал и Барселона, но сензација е играчот кој е на првото место. На врвот не се ѕвездите од калибарот на Белингем, Винисиус, Гризман, Левандовски… Таа чест му припаѓа на одбранбениот играч Давид Алаба (32) од Реал Мадрид, кој меѓу „кралевите“ пристигтна од германскиот Баерн Минхен во летото 2021 година без обештетување., поради што подбил и поголема плата. Но, таа е највисока во шпанскиот фудбал. „Лекип“, тврди дека Алаба месечно добива дури бруто 1,88 милиони евра. Мадрид „АС“ за оваа изненадувачка вест пишува: „Кога би направиле анкета меѓу шпанските фудбалски навивачи и шпознавачи на приликите никој не би погодил дека Алаба е најплатен игра во Ла лигата“. Покрај тоа, Алаба често се повредува од почетокот на минатата година. Од јануари минатата година до крајот на оваа сезона тој ќе пропушти дури 50 натпревари. Веднаш зад Алаба со само 10 илјади евра помалку е полскиот голгетер Роберт Левандовски, кој е најдобриот стрелец на Барселона. Петмината најплатените фудбалери во Ла Лига се: 1. Давид Алаба (Реал), бруто 1,88 милиони евра месечно 2. Роберт Левандовски (Барселона), 1,87 милиони евра 3. Винисиус (Реал), 1,67 милиони евра 4.Џуд Белингем (Реал), 1,67 милиони евра 5.Илкај Гундоган (Барселона), 1,67 милиони евра

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов