
За интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски поднесена на 4 јуни од пратеничката група на Европски фронт ќе се расправа во рамки на 59. собраниска седница закажана на 9 јули. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот.
Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.
Не сакам да се амнестирам од некоја хипотетичка одговорност која би можела и мене да ме опфати во овој скандал во Онкологија, но не чувствувам никаква одговорност затоа што настанало од причи
– Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани.
Според Хасани, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик.
– Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју што е дадено за новинарската агенција МИА во август 2024 година, каде што цитирам „дека политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема. Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос и дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на зкаонот и да предвиди законодавна интервенција. Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристараноста на претседателот на Судот во случаи што се уште се во фаза за разгледување, рече Хасани.
Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе отвори дискусија и ќе разгледа четири иницијативи.
Во реакцијата од Уставниот суд тогаш преку соопштение посочија дека Костадиновски нема да коментира било какви политички изјави.
– Уставниот на Р.С.М не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната ниту од страна на извршната власт. Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста не подлежи на начелото на поделба на власта . Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки, акти и дејствија . Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција . Уставот не му дозволува на Собранието со законски решенија на било кој начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии . Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на судиите, се наведуваше во соопштението на Уставниот суд.