Утрински Весник
Свет

Интернет конекциите во Иран би биле обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите

Iran 3.jpg

Постои можност интернет конекциите во Иран да бидат обновени денеска во 20 часот по локално време, пренесуваат иранските медиуми.

Иранските државни медиуми објавија дека кибер нападите што доведоа до исклучување на интернетот се одбиени.


Повеќето од 91 милион Иранци речиси три дена се без интернет откако иранската Влада воведе исклучување на интернетот на национално ниво, објавува Би-Би-Си.

Прекинот на интернетот во Иран е опишан како „најлошиот“ во досегашната историја на контролата на интернетот во земјата.

Последниот пат кога имаше толку долго исклучување на интернетот, во 2019 година, протестите беа брутално задушени во земјата, а овој пат интернетот беше исклучен поради конфликтот со Израел, наведува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма