Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Интернационален фестивал на Дуодрама – Неготино

Интернационален фестивал на Дуодрама – Неготино
Img 7972

Жири комисијата во состав: Роберт Ристов, Васил Зафирчев и Селпин Керим на II по ред Интернационален фестивал на дуодрама БРАНКО ЃОРЧЕВ (10.05 -13.05.2023), ги додели следните награди:
Наградата за најдобра женска улога на фестивалот и се доделува на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, за улогата во претставата “ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ” во режија на Дејан Пројковски, заради повеќеслојниот актерски израз во градењето на улогата и умешниот спој на комичната со мелодрамската игра.

dobivaj vesti na viber

* Награда за најдобра машка улога, е доделена на Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта БЕБА, заради непосредниот актерски израз во градењето на улогата и заради умешното владеење на жанрот на комедијата.

* Награда за најдобра претстава се доделува на претставата БРАЧНА КОМЕДИЈА во режија на Иван Томашевиќ во продукција на СЦЕНА МАСКА, заради прецизната поставеност и организираност на комичното дејство и заради живиот непосреден и шармантен актерски израз коj одлично комуницира со публиката.

* Наградата „БРАНКО ЃОРЧЕВ“, за најдобра партнерска игра им се доделува на Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, за улогите во претставaта CANDY во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар „Златен Елец“, заради органичниот партнерски однос и заради веризмот и документаризмот, во партнерскиот актерски третман, на една жестоко – актуелна и социјално ангажирана тема.

ПР-текст

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите