Утрински Весник
Спорт

Интер го потврдија Павар и „тргнаа“ по Ндомбеле

Интер го потврдија Павар и „тргнаа“ по Ндомбеле
Dik 300x250 mk

Интер е активен во финишот на преодниот рок, откако вечерва го потврдија трансферот на Бенжамин Павар од Баерн Минхен и во исто време почнаа преговори со Тотенхем за позајмица на „отпадникот“ Танги Ндомбеле.

dobivaj vesti na viber

„Нераѕурите“ платија 30 милиони евра плус 2 милиони бонус на Баерн за трансферот на дефанзивецот Павар, откако Манчестер јунајтед претходно се откажаа од можноста да го ангажираат Французинот. Павар помина четири години на „Алијанц арената“, а сега потпишува петгодишен договор со тимот на Симоне Инзаги.

Следна цел пред петочниот крај на преодниот рок е 26-годишниот Ндомбеле, кој не е во плановите на менаџерот на Тотенхем, Ејнџ Постекоглу, откако лани ја помина сезоната на позајмица во Наполи и добро е запознаен со италијанскиот фудбал. Според „Тутомеркато“, Интер сакаат да имаат опција за замена за Стефано Сенси, а Ндомбеле би пристигнал на позајмица. Тотенхем платија огромни 62 милиони евра за трансфер од Лион во 2019 година.

Можете да прочитате

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ

Мусети спаси меч-топка за финале против Ѓоковиќ во Атина