Утрински Весник
Спорт

Интер ќе го доведе Деви Класен

Интер ќе го доведе Деви Класен

Фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Деви Класен, е големата желба на тренерот на Интер, Симоне Инзаги, тврдат италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Играчот е подготвен да го напушти Амстердам, откако веќе добил многу профитабилна понуда од клуб во Саудиска Арабија, иако приоритет му е да остане во Европа.

30-годишниот Холанѓанец е матурант во школата на Ајакс. Тој играше во Англија за Евертон во сезоната 2017/18, а потоа му се приклучи на Вердер Бремен.

Класен не остана долго ниту во Бундеслигата, бидејќи во 2020 година се врати во матичниот Ајакс.

 

Можете да прочитате

ФФМ: Нов селектор најдоцна до 25 декември

Вон испиша историја со триумфот во Сент Мориц

Кошаркарската федерација на 21.декември ќе организира „All star“ натпревари