Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Институциите неми сведоци – Еден поединец пет месеци ги малтретира жителите на улица „Финска“ во Сингилиќ

Whatsapp image 2025 10 09 at 17.21.27.jpeg
300x250 opst2

Жителите на улица „Финска“ во скопската населба Сингилиќ веќе пет месеци живеат во страв и постојани провокации од свој сосед, додека институциите остануваат неми и без конкретна реакција.

„По повеќемесечно барање реакција од повеќе институции како ‘Водовод и Канализација’, Општина Гази Баба, Полициска станица Автокоманда, па дури и директно обраќање до премиерот Христијан Мицкоски, од никого не добивме конкретен одговор“, велат жителите, кои денеска излегоа на протест барајќи конечно решение.


Тие се надеваат дека новообратениот апел до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде пресвртна точка и дека ќе се донесе забрана за физичко приближување на проблематичниот сосед кон останатите жители, со цел да се спречи можен сериозен инцидент.

„Провокациите што ги трпиме не запираат, туку ескалираат, а сведоци за тоа се и полицајците кои секојдневно постапуваат по нашите пријави. Сетете се на последниот случај во Велес и ненавременото реагирање на институциите – не дозволувајте истата грешка да се повтори“, изјави една од жителките за време на протестот.

Друг граѓанин сведочеше пред камерите дека во дворовите и куќите со месеци се чувствува непријатна миризба, бидејќи фекалиите наместо во канализација завршуваат во околните површини. Дополнително, како што тврдат жителите, соседот постојано упатува закани, што создава атмосфера на страв и напнатост, со чести ситуации „на раб на физички пресметки“.

И покрај сите јавни реакции и пријави, досега ниту една институција не презела ефективна мерка, а жителите предупредуваат дека доколку надлежните не реагираат, ќе ги радикализираат своите активности.

„Сакаме само мир и нормални услови за живот. Но, ако институциите не нè заштитат, ќе бидеме приморани повторно да излеземе на улица“, порачаа жителите на Сингилиќ.

Фото: Марио Андоновски

Можете да прочитате

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

Мојсоска: Домување за жртвите на семејно насилство е приоритет во програмата на Левица 

Андоновски: Ѓорче Петров ќе биде меѓу првите општини со бесплатни „Wi-Fi“ зони