Утрински Весник
Македонија

Инспекторот Огњанов: Не сум виновен и јас барам правда како сите други

Georgiev sudenje idrizovo puls 1.png

Вака како што ме обвинувате не можам, а да не кажам дека не сум виновен и дека не ги гледам моите пропусти. Дајте ми законитост што сум прошуштил. И јас барам правда, исто како и сите други.

Ова денеска пред судот го изјави градежниот инспектор  Огњан Георгиев во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“

„Точно 28 години работев како градежен инспектор, работата ја вршев најчесно и најсовесно, без ниту една црна дамка. Веќе повеќе од пет и пол години не сум инспектор, бев префрлан во одделение за урбанизам од каде пред повеќе од четири години заминав во пензија. Јас со оваа трагедија немам никаква врска, како инспектор бев на работа и во контрола во повеќе градови во Републиката, во Виница работев 10 месеци, во Штип 6 месеци, во Делчево работев двапати по три месеци, бев во контрола во Скопје, Пробиштип, Кавадарци, Радовиш и други градови, никаде не сум имал наредба или барање за контрола на ваков објект“ рече Огњанов.

Во момнетов обраќање пред судот има одбраната на екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.

Судскиот процес за „Пулс“ во кој се обвинети 34 физички и 3 правни лица започна пред неполн месец и се одржува во судницата во Идризово.

Можете да прочитате

За девет дена 6151 сообраќајни прекршоци, уапсени 44 возачи

Mигранти во Македонија нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Салиу: Морам да го докажувам она што е очигледно, дека не постои моја вина