Утрински Весник
Македонија

Инспекторката осомничена за земање мито се наоѓа во приватната болница СИСТИНА

Screenshot 20241118 200626 Messenger.jpg

Градежната инспекторката вработена
во Општина Куманово, која пред три недели беше фатена како прима мито од граѓанин, наместо во притвор во затворот К`шање се наоѓа на лекување во приватна болница во Скопје, поради влошена здравствена состојба.

Таа во петокот се пожалила на затворската управа дека има проблеми со срцето и белите дробови, по што со дозвола на судија на претходна постапка во Основен суд Куманово била пренесена на преглед во здравствена установа. Од судот денеска не знаеја дека инспекторката е задржана на лекување.

„На барање на установата во која ја издржува определената мерка притвор во петок е издена согласност лицето да биде однесено на преглед во болницата ‘Систина’. За другото судот нема податоци. Доколку е задржана на лекување установата треба да извести, меѓутоа до денеска немаме таков податок“, велат од Кумановскиот суд за САКАМДАКАЖАМ.

Од Казнено-поправната установа (КПУ) – затвор Куманово, велат дека инспекторката прво ја прегледал лекар по општа пракса од Брза помош Куманово, кој дал упат за преглед во „Аџибадем Систина“, па тие побарале одоберение од судот да биде пренесена во Скопје.

„Ние имаме повратна информација дека притвореното лице е задржано на лекување, но од кои причини и колку време ќе остане немаме известување од болницата. Ние денеска ја препративме информацијата до судот, која најверојатно ќе стигне утре“, велат од Казнено поправната установа (КПУ) Куманово.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л. Т. (60) од Куманово на 7 ноември, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Примање поткуп.

Можете да прочитате

Секој студент во Македонија ќе добие по 250 евра, објави Владата

Зелник, макало, сарма, ајвар и пастрмка- Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

СДСМ е против алармантните измени на Законот за јавни набавки, бараме јавна расправа