Утрински Весник
Свет

Џинпинг до Џонг-ун: Подготвени сме да соработуваме за мирот, стабилноста, развојот и напредокот на регионот и светот

Џинпинг до Џонг-ун: Подготвени сме да соработуваме за мирот, стабилноста, развојот и напредокот на регионот и светот

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека Пекинг е подготвен да соработува со Пјонгјанг за светскиот мир, јавуваат севернокорејските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пораката на Џинпинг доаѓа неколку дена откако Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета во еден од нејзините најмоќни тестови до сега, велејќи дека ќе го користи сопственото нуклеарно оружје за да се спротивстави на она што го гледа како американска нуклеарна закана.

Северна Кореја изврши неколку лансирања во последниве недели бидејќи се зголемуваат стравувањата дека ја подготвува седмата нуклеарна проба, прва од 2017 година.

Кинескиот претседател во пораката до лидерот на Северна Кореја рече дека Пекинг е подготвен да работи со Северна Кореја за „мир, стабилност, развој и напредок на регионот и светот“, објави официјалната севернокорејска централна новинска агенција „КЦНА“.

Тој рече дека е подготвен да работи со Пјонгјанг бидејќи „промените во светот, времето и историјата се случуваат на невиден начин“, објави агенцијата.

 

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот