Утрински Весник
Македонија

Иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја

814680 vnimavajte evn isprati visoki smetki za struja.jpg

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината, како што посочуваат од ИНРМ, е продолжената пракса на издавање таканаречени „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото.

Во фактурите на ЕВН востановена е графа „Начин на кој е прочитано броилото: О = Отчитано; М = Проценета состојба“, со што на потрошувачите им се фактурира струја според проценки наместо според фактичка потрошувачка. Ова, претставува спротивставување на законот, правна несигурност и ризик граѓаните неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници.


Со овој потег, преземен е финален чекор во справувањето со самоволието на ЕВН и од Уставниот суд се бара да се стави крај на праксата на паушално фактурирање. Како прилог до јавноста и институциите е доставен линк до целокупниот текст на иницијативата, се наведува во соопштението од ИНРМ.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ!

Видео од нова тепачка во центарот на Струмица

Габриела Илиевска влегува во трка за градоначалник на Битола