Утрински Весник
Свет

Инфлуенсерка од Бразил убиена пред сопругот и двегодишниот син

Инфлуенсерка од Бразил убиена пред сопругот и двегодишниот син

Младата бразилска инфлуенсерка Луана Мурта Жардим дос Сантос Мартинс (30) е убиена пред очите на нејзиното семејство при обид за грабеж во Рио де Жанеиро. Таа била со сопругот и нивниот двегодишен син Мигелзињо, кога осомничените во неделата вечерта се приближиле до нивниот семеен автомобил и почнале да пукаат.

dobivaj vesti na viber

Луана била застрелана во рамото, а куршумот поминал низ нејзиното срце. Таа итно била пренесена во општинската болница „Салгадо Фиљо“ во Мајер, но набрзо по пристигнувањето им подлегнала на повредите и починала.

Иако, полицијата во Бразил го истражува убиството како обид за грабеж, таткото на жртвата, Атанел Жардим дос Сантос, верува дека не се работи за грабеж, туку дека неговата ќерка била целта. Тој тврди дека неговата ќерка била следена од осомничените пред да се приближат и да почнат со пукањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luanne Jardim 🧿 (@jardimluannereal)

Сопругот на инфлуенсерката, Жоао Педро Фарче изјавил дека во тој момент во автомобилот биле со нивниот син, но и двајцата ги избегнале куршумите и останале без сериозни повреди.

Луана, претходно го документираше своето слабеење на социјалните мрежи. Таа на социјалните мрежи споделуваше совети за фитнес и слабеење откако и самата ослабе 42 килограми. По трагичниот настан, таа зад себе остави две деца на возраст од 10 и 2 години.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток