Утрински Весник
Свет

Инфлацијата во Британија е меѓу највисоките во Западна Европа

Инфлацијата во Британија е меѓу највисоките во Западна Европа

Инфлацијата во Британија во јули се забави на 6,8 отсто на годишно ниво, што е во согласност со очекувањата и со најниската годишна стапка на инфлација во таа земја од февруари 2022 година, покажаа денеска објавените податоци.

dobivaj vesti na viber

За споредба, во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 7,9 отсто. Така, инфлацијата продолжи да забавува во таа земја, откако во октомври минатата година достигна 11,1 отсто, што е највисоко ниво во последните 41 година, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика (ONSA).

ОНС објави и дека намалувањето на цените на гасот и струјата е најголемиот двигател на забавувањето на инфлацијата, а ублажена е и инфлацијата на цените на храната.

Сепак, Британија сè уште бележи една од највисоките стапки на раст на цените во Западна Европа, само Исланд и Австрија имаат повисока инфлација. Во исто време, таа се уште е далеку над целната стапка на централната банка од 2 отсто.

 

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата