Утрински Весник
Свет

Индонезија евакуира 3.000 луѓе поради ерупција на вулканот Ибу

20250116080300 Big 730x400 63.webp.webp

Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3,000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел четири километри во воздухот, соопшти Aгенцијата за катастрофи на земјата.

Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области.


„Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна“, изјави Абдул Мухари, портпарол на индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи.

Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13,000 луѓе.

Ерупцијата е последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“ и има 127 активни вулкани.

Вулканот Ибу имаше серија ерупции минатата година, а во мај жителите на седум околни села мораа да бидат евакуирани.

Можете да прочитате

Трамп: Можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите кои ги блокираат напорите за намалување на трошоците

Снежна лавина блокираше хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев