Утрински Весник
Свет

Индиец се обидел да направи селфи со диви слонови, еден го згазил, починал на лице место

Индиец се обидел да направи селфи со диви слонови, еден го згазил, починал на лице место

27-годишен маж во Индија загина додека се обидувал да направи селфи со див слон.

dobivaj vesti na viber

Видел два диви слона и решил да се фотографира со нив.

Додека се обидувал да се фотографира, еден од слоновите го згазил.

За жал, младиот човек починал на лице место. Мештаните веднаш ги известиле локалните власти кои потоа ги избркале животните, пишува Тајмс оф Индија.

Случаите на луѓе кои умираат по обидот да се фотографираат со животни се вообичаени во Индија.

Истражувачите од индиската универзитетска клиника објавија извештај во кој се наведува дека од октомври 2011 до ноември 2017 година во светот починале 259 луѓе поради обиди да направат селфи, а половина од нив се случиле во Индија,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток